УТРО.мк

Меџити: Честитки за изборот на новата влада на Курти во Косово

Меџити: Честитки за изборот на новата влада на Курти во Косово
Vero

Во пресрет на 18-годишнината од независноста на Косово, земјата влезе во ново политичко поглавје со формирањето на Владата „Курти 3“. По тој повод, Изет Меџити упати честитка до Албин Курти за неговиот реизбор на функцијата премиер.


„Мој пријател Албин, честитки за твојот реизбор за премиер на Косово. Ти посакувам успех во исполнувањето на новите одговорности и во понатамошниот напредок на државата, демократијата и граѓаните“, порача Меџити.
Тој им упати честитки и на граѓаните на Косово, изразувајќи уверување дека новата влада ќе биде во служба на евро-атлантскиот развој, правдата и интеграцијата.


Во својата објава, Меџити ѝ честиташе и на Албулена Хаџиу за изборот за претседателка на Собранието, посакувајќи ѝ успех во водењето на законодавниот дом и во зајакнувањето на улогата на жените во демократскиот живот на Косово.


„Нашата соработка со институциите на Косово била и останува непоколеблива. Ќе продолжиме да стоиме еден до друг на заедничкиот пат кон европски напредок, стабилност и иднина“, истакна Меџити.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран