УТРО.мк

МАКЕДОНИЈА СЕ ВООРУЖУВА: Македонија – прва европска земја што ги набави турските хаубици БОРАН

МАКЕДОНИЈА СЕ ВООРУЖУВА: Македонија – прва европска земја што ги набави турските хаубици БОРАН
Vero

Македонија стана првата земја од Европа што официјално ги доби турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 милиметри, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува специјализираниот портал Militarnyi.com.

„Честитки до сите кои придонесоа за овој значаен успех. Ова претставува прв извоз на нашите хаубици на европско тло, што има особено симболично и стратешко значење“, се наведува во соопштението на турското Министерство.

Испораката се реализира по договорот потпишан на 21 декември 2022 година, според кој македонските вооружени сили добија шест артилериски системи од типот БОРАН, заедно со соодветна муниција.

Хаубицата БОРАН, која од 2021 година е дел од арсеналот на турската армија, се одликува со калибар од 105 мм, должина на цевката од 30 калибри и вкупна тежина од 1.745 килограми, вклучувајќи го и системот за управување со огнот. Системот има максимален дострел до 17 километри и може да се распореди за помалку од една минута, што ја прави идеална за брзи и мобилни операции.

Она што ја издвојува БОРАН од другите хаубици во својата класа е можноста за воздушен транспорт – може да се пренесува со хеликоптер – како и напредниот систем за управување со огнот, базиран на GPS-навигација, што овозможува висока прецизност и ефикасност во реални борбени услови.

Оваа испорака доаѓа во контекст на поширока модернизација на македонската армија. Минатата година, Норвешка донираше значителен број камиони и теренски возила, додека Стејт департментот на САД одобри дополнителна продажба на JLTV оклопни возила, што ја зајакнува интероперабилноста на Армијата на Северна Македонија со сојузничките сили од НАТО.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран