УТРО.мк

Галериите и шанковите изградени во 2024 ја блокирале евакуацијата во „Пулс“, тврди вештакот Марковски

Галериите и шанковите изградени во 2024 ја блокирале евакуацијата во „Пулс“, тврди вештакот Марковски
Vero

Доградбите и измените направени во дискотеката „Пулс“ во Кочани во текот на 2024 година дополнително ја отежнувале можноста за брза евакуација на гостите во случај на опасност, посочи градежниот вештак Горан Марковски на денешното рочиште за трагичниот пожар во кој загинаа 63 лица.

Марковски, кој е дел од тимот вештаци ангажирани за анализа на причините за пожарот, пред судот објасни дека новоизградените шанкови и галерии влијаеле врз организацијата на просторот и движењето на луѓето во објектот.

Според него, при реконструкцијата на дискотеката не била земена предвид безбедноста на посетителите, ниту биле применети стандарди кои се задолжителни за објекти во кои престојуваат голем број луѓе.

Вештакот повтори дека во „Пулс“ биле утврдени сериозни пропусти во однос на противпожарната заштита, а објектот не ги исполнувал условите кои би овозможиле навремено напуштање на просторот и спасување на гостите.

„Кога се работи за објекти како дискотеки, каде во еден момент може да има стотици луѓе, секој елемент во просторот мора да биде планиран со цел да овозможи безбедна евакуација“, посочи Марковски.

На рочиштето продолжи презентацијата на градежното вештачење, со кое Обвинителството треба да ги поткрепи наодите за причините и околностите што доведоа до пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март 2025 година. За трагедијата се обвинети 34 лица.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin