УТРО.мк

Сиљановска-Давкова со традиционален подарок за галичките младенци: Им подари пафта – симбол на плодноста и свадбеното богатство – ФОТО

Сиљановска-Давкова со традиционален подарок за галичките младенци: Им подари пафта – симбол на плодноста и свадбеното богатство – ФОТО
Vero

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на годинашната Галичка свадба, каде на младенците Мартина Михајлова и Александар Пендароски им посака заеднички живот исполнет со љубов, доверба и меѓусебна почит.

На нововенчаните им подари галичка пафта со мотив од традиционалната галичка носија – подарок со силна симболика, поврзан со плодноста и богатството на македонските свадбени традиции.

„Домот да им биде исполнет со разбирање и детска смеа“


Сиљановска-Давкова им упати искрени желби на младенците, посакувајќи им нивниот заеднички пат да биде исполнет со хармонија и блискост, а домот со разбирање и детска смеа.

Претседателката оцени дека Галичката свадба од година во година привлекува сè поголем број домашни и странски посетители и останува еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет.

Таа проследи дел од вековните свадбарски обичаи кои генерации наназад се пренесуваат во мијачкиот крај.

„Денеска, на Галичката свадба, најмладите галичани ме пречекаа со домашна нафора и сол, а потем проследив дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство“, напиша Сиљановска-Давкова на Фејсбук.

Претседателката заигра оро со младенците и свадбарите

По венчавањето на Мартина и Александар во храмот „Свети Петар и Павле“, претседателката им се придружи на младенците и свадбарите во традиционалното оро.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin