
Неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна е безбедно отстранета од брегот на Дојранското Езеро, информираа од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Станува збор за артилериска граната со калибар од 100 милиметри и тежина од 13,6 килограми, која била пронајдена на плажа покрај езерото.


















