УТРО.мк

Месечен преглед на Македонската берза: промет од 1,52 милијарди денари, најголем промет со акциите на Македонијатурист

Месечен преглед на Македонската берза: промет од 1,52 милијарди денари, најголем промет со акциите на Македонијатурист
Vero

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Во текот на јуни 2026 година, на Македонската берза беше реализиран вкупен промет од 1.525.152.507 денари, преку 1.457 трансакции. Индексот МБИ10 го заврши месецот на ниво од 9.521,52 поени, што претставува месечен пад од 2,50%, додека индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, со месечен раст од 0,60%.

Од вкупниот промет, 378.700.724 денари беа реализирани преку класично тргување, додека 1.146.451.783 денари беа реализирани преку блок-трансакции. Во структурата на прометот, блок-трансакциите учествуваа со 75,17%, официјалниот пазар со 24,52%, а редовниот пазар со 0,31%. Пазарната капитализација на акциите на крајот на месецот изнесуваше 338.298.061.816 денари, што претставува намалување од 2,68% во однос на претходниот месец.

Ликвидноста во јуни беше најизразена кај акциите на Македонијатурист Скопје, пред сè како резултат на големите блок-трансакции реализирани во текот на месецот. Во класичното тргување, најголем промет на официјалниот пазар беше остварен со акциите на Македонски Телеком Скопје, Комерцијална банка Скопје и Алкалоид Скопје.

Топ добитници

· Аутомакедонија Скопје +10,58%
· РЖ Економика Скопје +5,88%
· ТТК Банка АД Скопје +0,78%

Топ губитници

· Македонијатурист Скопје –12,50%
· ОКТА Скопје –10,00%
· НЛБ Банка АД Скопје –6,00%

Најтргувани хартии од вредност

· Македонијатурист Скопје – 1.120.877.839 денари
· Македонски Телеком Скопје – 106.748.204 денари
· Комерцијална банка Скопје – 104.971.314 денари

Блок-трансакции

Во текот на јуни беа реализирани блок-трансакции во вкупна вредност од 1.146.451.783 денари. Најголем дел од нив се однесуваа на акциите на Македонијатурист Скопје, со две блок-трансакции во вредност од 124.280.793 денари и 967.880.550 денари, односно вкупно 1.092.161.343 денари. Дополнително, беа евидентирани блок-трансакции со акциите на Авто гума Скопје во вкупна вредност од 27.405.040 денари, Комерцијална банка Скопје во вкупна вредност од 12.783.900 денари, Институт за заварување Југ Скопје во вредност од 8.025.750 денари, Витаминка Прилеп во вредност од 3.125.000 денари и Реплек Скопје во вредност од 2.950.750 денари.

Обврзнички пазар

Во обврзничкиот сегмент беше реализиран промет од 988.526 денари. Најголем промет беше остварен со Р. Македонија – денационализација 20, во вредност од 588.630 денари, а се тргуваше и со обврзниците за денационализација 17, 18, 21, 22, 23 и 24. Индексот ОМБ го заврши месецот на 130,68 поени, со месечен раст од 0,60%.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin