УТРО.мк

Осум ресори добиваат нови министри – денеска седница во Собранието

Осум ресори добиваат нови министри – денеска седница во Собранието
Vero
vlada
vlada

Собранието денеска со почеток во 11 часот ќе ја одржи седницата посветена на реконструкцијата на Владата, на која пратениците ќе одлучуваат за разрешување на досегашните и избор на нови министри во осум ресори.

Станува збор за првата реконструкција на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, со која се предлагаат кадровски промени во повеќе значајни министерства.

Според предложените решенија, Сашо Клековски е кандидат за министер за здравство, откако досега ја извршуваше функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување. На неговото место во Фондот е предложен Златко Перински.

Иван Стоиљковиќ е предложен за министер за локална самоуправа, додека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците треба да го преземе Агон Ферати.

Во Министерството за правда, Јетон Шасивари е предложен да го наследи Игор Филков. За министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е предложен Борче Серафимовски, актуелен државен секретар во ресорот, кој треба да го замени Цветан Трипуновски.

Министерството за социјална политика, демографија и млади треба да го преземе досегашниот заменик-министер Ѓоко Велковски, наместо Фатмир Лимани.

Во ресорот култура и туризам, за нов министер е предложен Седат Сулејмани, кој ќе го наследи Зоран Љутков.

За министер без ресор задолжен за инклузија и спроведување на Стратегијата за Ромите е предложен Ерџан Демир.

Во меѓувреме, владината коалиција е проширена со Демократската партија на Турците, чиј пратеник во изминатиот период дејствуваше како независен. Премиерот Христијан Мицкоски дополнително треба да го соопшти името на кандидатот од оваа партија кој ќе раководи со министерство без ресор.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin