
Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека возилото е речиси целосно уништено од пожарот, при што најголема штета е причинета на предниот дел и моторниот простор, јавува Нова Македонија
„На 13.7.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг“, сопственост на С.С. и деловен објект, сопственост на Г.Л.. Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Во тек е увид“, – велат од МВР.

















