УТРО.мк

Меџити: Чаир добива свој музички фестивал, културата е инвестиција во идентитетот

Меџити: Чаир добива свој музички фестивал, културата е инвестиција во идентитетот
Vero

Идентитетот на еден народ се чува, зајакнува и пренесува преку културата, уметноста и традициите што ги создаваме за идните генерации, порача градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити.

Тој најави дека Чаир ќе добие нова значајна културна манифестација – првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, кој има амбиција да прерасне во традиционален настан и да го постави Скопје уште посилно на културната мапа на регионот.

Фестивалот ќе се одржи од 23 до 26 јули, а локациите Сули Ан и Куршумли Ан ќе бидат претворени во сцени каде класичната музика ќе се спои со богатото наследство на Старата скопска чаршија.

Под уметничко раководство на Инва Мула и Дешира Ахмети, настанот ќе собере реномирани домашни и меѓународни уметници, со што, според Меџити, Скопје ќе добие уште една значајна културна содржина.

„Нашата амбиција не е само да организираме фестивал. Нашата амбиција е да создадеме традиција и културна институција која ќе расте со секое издание, ќе привлекува уметници од целиот свет и ќе го направи Скопје важна точка за класичната музика во регионот“, порача Меџити.

Тој нагласи дека вложувањето во културата претставува вложување во идентитетот и наследството што градовите им го оставаат на идните генерации.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin