УТРО.мк

Албанија ги утврди максималните цени за лежалки на плажите

Албанија ги утврди максималните цени за лежалки на плажите
Vero

Албанските локални власти ги објавија официјалните максимални цени за користење лежалки, белведери и други плажни содржини во општина Љеш, со цел да се спречат злоупотреби и да се обезбеди поголема заштита за туристите во текот на летната сезона.

Градоначалникот на општина Љеш, Пјерин Ндреу, соопшти дека на туристите им се ставени на располагање телефонски броеви преку кои со СМС-порака ќе можат да пријават доколку некој наплатува повисоки цени од дозволените или има други неправилности во туристичките зони.

Според објавениот ценовник, максималната цена за алуминиумски лежалки изнесува 300 леки (околу 183 денари) во Тале, 400 леки (околу 244 денари) во Шенѓин и Куна, додека во Рана е Хедун достигнува 500 леки (околу 305 денари).

За дрвени лежалки со душек цените се движат од 700 до 1.000 леки (околу 427 до 610 денари), а за семеен белведер максималната цена е од 1.500 до 2.500 леки, односно приближно од 915 до 1.525 денари.

Од општината нагласуваат дека овие цени важат и за приватните закупувачи и за плажите со кои управува јавното претпријатие. Доколку некој наплатува повеќе од пропишаното, туристите се повикуваат веднаш да го пријават случајот до надлежните служби.

Локалните власти оценуваат дека мерката има за цел да ја зголеми транспарентноста, да ги заштити посетителите и да го зачува угледот на албанското крајбрежје како туристичка дестинација.

За споредба, цените за комплет од две лежалки и чадор во регионот најчесто се движат од 10 до 30 евра во Црна Гора, од 10 до 25 евра во Хрватска, додека на помалите плажи во Грција изнесуваат од 15 до 20 евра. На дел од луксузните грчки плажи, цената може да достигне и до 120 евра.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin