УТРО.мк

Грција заплени над два тона млечни производи од Бугарија – се превезувале без ладилник

Грција заплени над два тона млечни производи од Бугарија – се превезувале без ладилник
Vero

Грчките власти запленија повеќе од два тона млечни производи со потекло од Бугарија, откако при инспекциска контрола било утврдено дека се транспортирале во несоодветни услови, без разладен систем.

Како што соопшти Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ), инспекторите го запреле мал товарен камион со странски регистарски таблички, при што откриле големо количество млечни производи кои не биле превезувани според законски пропишаните услови за безбедност на храната.

Дополнително, контролата покажала дека камионот бил преоптоварен за околу 1 500 килограми, што претставува уште едно сериозно прекршување на прописите.

Властите ги заплениле сите производи, кои потоа биле целосно уништени поради ризикот по јавното здравје. Против одговорните лица се изречени и законски предвидените казни, како за небезбедниот транспорт на храната, така и за прекумерното оптоварување на возилото.

Акцијата е дел од засилените контроли што грчките инспекциски служби ги спроведуваат за сузбивање на нелегалната трговија и транспорт на небезбедени прехранбени производи.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin