УТРО.мк

Филипче најави кадровски промени во СДСМ по локалните избори

Филипче најави кадровски промени во СДСМ по локалните избори
Vero

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска најави кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на локалните избори. Тој посочи дека промените се резултат на изборниот исход во првиот круг, особено во некои скопски општини каде партијата не го постигнала посакуваниот резултат.

„Овие избори се показател за тоа како да се поставиме и како да функционираме во следниот период. Потребно е особено во тие општини каде што не го постигнавме посакуваниот резултат да продолжиме со интензивна работа“, рече Филипче, додавајќи дека за кадровските промени јавноста ќе биде известена по завршувањето на изборите.

Филипче истакна дека партијата се соочувала со различни притисоци пред гласањето, вклучувајќи финансиски контроли, активности преку центри за социјална работа и нудење пари за гласови. Сите овие случаи биле пријавени до надлежните институции.

Лидерот на СДСМ ги повика жителите на општина Аеродром да излезат на вториот круг и да гласаат за кандидатот на СДСМ, Александар Трајановски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран