УТРО.мк

Денес дожд, од вторник стабилизација на времето

Денес дожд, од вторник стабилизација на времето
Vero

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои прво ќе ја зафатат западната половина на земјата, каде се очекува дождот да биде пообилен и пороен, со можност за грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од 6 до 12 степени, а максималните дневни ќе достигнат меѓу 16 и 22 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер, со температури од 11 до 19 степени.

Во текот на ноќта и во понеделник претпладне, врнежите ќе се прошират низ целата земја и на места ќе бидат поинтензивни, со појава на пороен дожд и грмежи. Локално, особено во западните делови, се очекува количината на врнежи да надмине 30 литри на квадратен метар.

Од вторник врнежите ќе ослабат и ќе бидат со послаб интензитет, а во продолжение на неделата се очекува стабилизирање на времето и постепен пораст на дневните температури.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран