Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека околу 200 руски војници навлегле во Покровск, додека руските сили, со бројна супериорност, продолжуваат со ескалација на офанзивата.
„Во Покровск се водат оружени судири, а беспилотните единици активно дејствуваат. Обидите на непријателот да напредува подлабоко во градот и да се утврди во урбаните средини се потиснати со специјални операции насочени против саботери“, соопшти Генералштабот.
Украинската страна ја опиша ситуацијата како „многу динамична и интензивна“, додавајќи дека Русија во последните денови ја зголемила употребата на оклопни возила. Само во изминатите пет дена регистрирани се 41 напад со оклопни единици на целата линија на фронтот.
И покрај тешката ситуација во Покровск, украинските сили забележуваат успеси во секторот Очеретјен. Во изминатите 10 дена тие ја вратија контролата над населбите Кучерив Јар и Сухецке, ослободувајќи вкупно 185,6 квадратни километри во регионот Донецк.































