Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје започна истражна постапка против 25-годишен скопјанец за две одвоени кривични дела – разбојништво со закана со огнено оружје.
На 15 август годинава, осомничениот влегол во просториите на правно лице за брзи кредити во ГТЦ, седнал на едно од столчињата и заканувајќи се со пиштол, од вработената одзел 60.500 денари. Три дена подоцна, во објект на истото правно лице во Старата скопска чаршија, со слична постапка и закана со пиштол, од вработениот одзел дополнителни 25.000 денари, а потоа го фрлил оружјето во Вардар и избегал.
По извршените разбојништва, осомничениот бил недостапен за органите на прогонот, бидејќи избегал во Хрватска. Обвинителството предупредува дека постои висок ризик тој повторно да се даде во бегство или да го повтори делото. Заради тоа, од судијата на претходна постапка е побарана мерка притвор за осомничениот.































