УТРО.мк

Фатен разбојник кој ограбил две продавници за брзи кредити во Скопје

Фатен разбојник кој ограбил две продавници за брзи кредити во Скопје
Vero

Скопската полиција приведе 25-годишен маж осомничен за извршување на две разбојништва во продавници за брзи кредити.

Првиот инцидент се случил на 15 август годинава во ГТЦ, каде осомничениот, седнат на столче за странки, извлекол пиштол и со закана ја натерал вработената да ја отвори касата, од каде одзел 60.500 денари. Три дена подоцна, на сличен начин, тој извршил разбојништво во објект во Старата скопска чаршија, одземајќи 25.000 денари од сефот.

По второто разбојништво, осомничениот го фрлил пиштолот од Камениот мост во Вардар и избегал во Хрватска, каде бил недостапен за органите на прогонот.

Јавниот обвинител побара од судот определување на притвор поради висок ризик од бегство и можност за повторување на делото. Осомничениот е гонет за две одвоени кривични дела – разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран