Во ноќта меѓу саботата и неделата, околу 00:50 часот, во Струга се случи сериозен инцидент во кој 17-годишен малолетник од струшкото село Ташмаруништа со нож тешко повредил 24-годишен маж од Вевчани.
Според информациите на полицијата, инцидентот се случил по претходна расправија на улицата „15 корпус“ во Струга, кога малолетникот со нож го нападнал и прободел М.П. (24).
Повредениот веднаш бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Општата болница во Струга, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Полицијата го лишила од слобода осомничениот Ц.В. (17), а по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.































