Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, денеска јасно ги демантираше шпекулациите дека ќе го поддржи кандидатот на АКИ во вториот круг на локалните избори.
„Јас, Рамиз Мерко, НЕ го поддржам кандидатот на АКИ во Струга“, рече Мерко, додавајќи дека ваквите гласини се обид за манипулација од страна на оние кои веќе се поразени и сакаат да влијаат врз граѓаните.
Мерко нагласи дека Листата на независни кандидати, која ужива масовна поддршка од граѓаните, ќе донесува одлуки врз основа на сериозни консултации, а не на шпекулации.
„Листата на независни ќе одржи средба со сите кандидати за советници и клучни поддржувачи, по што официјалниот портпарол ќе објави јасна декларација со конечните одлуки и кандидатот кој ќе го поддржиме“, потенцира Мерко.
Тој ги повика граѓаните да се водат само според официјалните информации од Листата на независни и да не дозволат да бидат дезинформирани.































