Во Тетово, едно патничко возило заглави во подвозник поради насобрана вода од интензивните врнежи, информираат од Центарот за управување со кризи. Возачот навреме го напуштил автомобилот и не е повреден.
Пријавата за настанот е добиена преку бројот за итни повици Е-112, а се работи за подвозникот во населбата Дарданија, во близина на полигонот. На лице место интервенирале екипи на СВР Тетово и ТППЕ Тетово, со две противпожарни возила и четворица пожарникари.
Од ЦУК апелираат до граѓаните за претпазливост и советуваат да ги користат алтернативните улици во населбата Дарданија додека трае расчистувањето и нормализирањето на состојбата.































