На 25 октомври 2025 година околу 18:00 часот, на локалниот пат село Волино – село Ливада, општина Дебрца, 55-годишниот В.Л. од Охрид изгубил контрола над својот четирицикл „Поларис“ со охридски регистарски ознаки и излетал надвор од патот.
Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била констатирана сериозна повреда.
На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид за утврдување на околностите на несреќата.































