Хрватската влада донесе одлука повторно да ја воведе задолжителната воена обука за сите 18-годишни машки државјани, мерка што ќе стапи на сила од следната година.
Одлуката е донесена поради растечките геополитички тензии и недостигот на воен кадар. Според новите правила, сите машки лица по наполнети 18 години ќе мора да поминат тримесечна обука во воени центри ширум земјата.
Оние кои ќе одбијат да се јават на повикот ќе се соочат со парична казна од 1.300 евра, а во потешки случаи и со можни кривични санкции.
Министерството за одбрана информира дека програмата ќе опфати физичка подготвеност, дисциплина, како и обука во прва помош и снаоѓање во кризни ситуации. Девојките нема да бидат обврзани, но ќе можат доброволно да се пријават.
Првата генерација регрути се очекува да започне со обуката во пролетта 2026 година. Со оваа одлука, Хрватска станува првата земја во регионот која повторно воведува задолжителна воена служба по повеќе од десет години пауза.































