Албин Курти не успеа да добие нов мандат како премиер, откако парламентот не го одобри неговиот кабинет. Гласањето заврши со 56 пратеници за, 52 против и 4 воздржани.
Ова е првпат во историјата на земјата мандатарот да не успее да добие поддршка од парламентот за формирање на влада, што отвора нова политичка неизвесност и потреба за преговори меѓу политичките партии за формирање нова влада.































