УТРО.мк

Два инцидента во Скопје: Нападнат доставувач на храна и вработен во обложувалница

Два инцидента во Скопје: Нападнат доставувач на храна и вработен во обложувалница
Vero

Скопската полиција истражува два одделни случаи на физички напади што се случиле во петокот вечерта.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во 23:40 часот во СВР Скопје бил пријавен напад врз 37-годишен доставувач на храна. Инцидентот се случил пред станбена зграда во општина Центар, по расправија околу паркинг место, по што едно лице физички го нападнало доставувачот.

Во друг случај, во општина Гази Баба бил нападнат 38-годишен скопјанец додека работел во спортска обложувалница. Нападот, според полицијата, следел по вербална расправија со посетител на локалот.

МВР информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи и идентификација на сторителите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран