УТРО.мк

Јутјуб постави рекорд – Исплатени над осум милијарди долари

Јутјуб постави рекорд –         Исплатени над осум милијарди долари
Vero

Платформата YouTube постигна историски рекорд со исплата од повеќе од осум милијарди долари кон музичката индустрија во периодот од јули 2024 до јули 2025 година. Средствата се распределени меѓу уметници, текстописци, издавачи и други носители на авторски права, со што Јутјуб уште еднаш ја потврди својата позиција како највлијателен дигитален партнер на музичкиот свет.

Моделот на приходи на Јутјуб се темели на две главни основи – рекламирање и претплати преку услугите YouTube Music и YouTube Premium. На овој начин платформата обезбедува стабилен и предвидлив прилив на средства, независно од индивидуални вирални видеа, туку врз основа на вкупната гледаност и бројот на претплатници.

Основан во 2005 година од поранешните вработени во PayPal – Џавед Карим, Чед Херли и Стив Чен – Јутјуб првично бил замислен како страница за состанувања со слоган „Поврзи се, запознај се“. По неуспехот на таа идеја, креаторите ја пренамениле платформата во место каде секој може да објавува видео содржини.

Веќе до крајот на првата година Јутјуб станал глобален феномен, а во 2006 година Google го купи за 1,65 милијарди долари. Денес, платформата брои милијарди активни корисници, а секоја минута се поставуваат повеќе од 500 часа видео материјал – што ја прави најголемата видео-библиотека во светот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран