УТРО.мк

Државата троши повеќе за затворска храна отколку за студентски оброци: 77 милиони за затворениците, 22 за студентите

Државата троши повеќе за затворска храна отколку за студентски оброци: 77 милиони за затворениците, 22 за студентите
Vero

Државата троши значително повеќе за исхрана на затворениците отколку за оброците на студентите, покажуваат податоците од системот за јавни набавки.

Казнено-поправната установа „Идризово“ за една година ќе потроши околу 77 милиони денари за храна за нешто повеќе од 2.400 затвореници. Во оваа сума се вклучени месо и месни преработки, риба, овошје и зеленчук, јајца, зачини, како и млеко и млечни производи. Дополнително, надвор од овој договор се склучуваат посебни набавки за нафтени деривати, јаглен и вода за пиење.

Од другата страна се студентите. Државниот студентски дом – Скопје за исхрана на студентите издвојува 22 милиони денари, и тоа за период од осум месеци. Сумата е речиси трипати помала од таа што се троши за затворениците, иако студентите се побројни и станува збор за млади луѓе кои треба да го градат својот образовен и професионален пат.

Фактот дека затворениците мора да бидат згрижени и обезбедени со основни услови за живот не е спорен. Но, разликата во средствата што државата ги издвојува за нивната исхрана, во споредба со студентскиот стандард, отвора сериозни прашања за приоритетите на институциите.

Во изминатиот период, социјалните мрежи беа преплавени со сведоштва од студенти: фотографии од храна со мувла, мали и недоволни оброци, запуштени и нереновирани студентски домови, расипани лифтови и простории без греење. Наместо безгрижни студентски денови, дел од младите се соочуваат со услови што едвај ги задоволуваат основните потреби.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран