УТРО.мк

Грипот и натаму со силен интензитет: над 2.000 заболени за седум дена и два смртни исходи

Грипот и натаму со силен интензитет: над 2.000 заболени за седум дена и два смртни исходи
Vero
bolnica
bolnica

Во периодот од 12 до 18 јануари, односно во третата недела од 2026 година, во Македонија се евидентирани 2.062 случаи на грип и заболувања слични на грип, соопшти Институтот за јавно здравје. Иако регистрираните случаи се за 11,2 проценти помалку во однос на претходната недела, здравствените власти оценуваат дека вирусот и понатаму циркулира со висок интензитет.

Во споредба со истиот период лани, кога биле пријавени 1.412 случаи, годинава бројката е зголемена за 46 проценти. Анализите на ИЈЗ покажуваат дека бројот на заболени е за 6,9 проценти понизок од типичната епидемиска крива пресметана врз основа на податоците од последните 15 сезони, но инциденцата и натаму ја надминува границата за средна активност, што укажува на засилено ширење на вирусот.

Најмногу заболени има кај лицата на возраст од 15 до 64 години, кај кои се регистрирани 1.274 случаи. Највисока инциденца, сепак, е забележана кај децата од 0 до 4 години – 289,1 случај на 100.000 жители, со вкупно 279 пријавени заболени. Кај децата од 5 до 14 години се евидентирани 243 случаи, додека кај лицата над 65 години – 266 заболени.

Грипот е регистриран во 29 центри за јавно здравје во државата. Најголем број случаи има во Скопје – 556, по што следуваат Тетово со 146, Охрид со 142, Битола со 139 и Куманово со 137 случаи. Во повеќе помали општини бројот на заболени е под 30.

Многу висока активност на вирусот е утврдена во Дебар, Охрид, Свети Николе и Кавадарци, додека висока активност е забележана во Кратово, Штип и Виница. Во најголем дел од земјата е регистрирана средна до сезонска активност, а во две единици – многу ниска активност.

Во истиот период се пријавени и два смртни случаи поврзани со грип. Станува збор за 75-годишна жена од Скопје и 69-годишен маж од Кавадарци, кои биле хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Кај двајцата е лабораториски потврден вирусот Influenza A, имале придружни хронични заболувања и не биле вакцинирани против сезонски грип.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран