
Обвинителката Ленче Ристоска беше дел од СЈО, кое заврши со криминален скандал и рекетарска мрежа вредна неколку милиони евра, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Како дел од таа мрежа, правосилно беше осудена нејзината шефица, Катица Јанева.
Таа се дискредитираше себе си што беше дел од обвинителството формирано за политички прогон и изнуда кое беше маша во рацете на СДС и Зоран Заев.
Што повеќе да се каже од ова.
Интересно е како Ленче Ристоска сама се пронаоѓа во изјавите.



























