УТРО.мк

Бројот на прекршоци регистрирани со „Сејф Сити“ во март порасна за 37%

Бројот на прекршоци регистрирани со „Сејф Сити“ во март порасна за 37%
Vero

Во март, бројот на сообраќајни прекршоци регистрирани преку системот „Сејф Сити“ бележи скок од 37% во однос на февруари. Камерите снимиле дури 26.241 возач што направил прекршок, додека во февруари таа бројка беше 19.066.

Иако минувањето на црвено светло значително е намалено, само 70 прекршоци, што претставува пад од 68,2%, дисциплината зад воланот сепак далеку не достигнала посакуваното ниво. Најголем дел од казните повторно се за брзо возење: 25.230 возачи во март возеле побрзо отколку што дозволуваат сообраќајните правила.

Системот исто така регистрирал 941 случај на управување со возило со истечена сообраќајна дозвола, додека на 544 лица им е изречена забрана за управување. Од нив, 70 биле фатени на црвено, а 474 возеле пребрзо, што ги довело до привремената забрана за возење. Во споредба со претходниот месец, бројот на забрани се намалил за 16,7%, но проблемот со прекумерната брзина останува доминантен.

Властите најавуваат дека во текот на 2026 година „Сејф Сити“ ќе се прошири низ целата држава. Прецизни локации и број на камери ќе се дефинираат по завршување на техничкото планирање, но целта е да се покријат сите „црни точки“, места со најголема фреквенција на сообраќајни незгоди. Фокусот ќе биде на главните булевари и артерии, клучните крстосници, како и на влезовите и излезите од градовите, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран