УТРО.мк

Астроном за мисијата Артемис 2: „Тоа е пропаганден настан кој е важен за Америка“

Астроном за мисијата Артемис 2: „Тоа е пропаганден настан кој е важен за Америка“
Vero

Соединетите Американски Држави направија нов чекор во вселенските истражувања, испраќајќи четиричлена екипа астронаути во рамки на мисијата Артемис 2 – прва ваква мисија по повеќе од половина век. Екипажот ќе кружи околу Месечината околу 10 дена, без да слета на нејзината површина, но мисијата се смета за клучна подготовка за идните човечки слетувања.

Сепак, мислењата за значењето на оваа мисија се поделени. Астрономот Корадо Корлевиќ истакнува дека различни земји ја гледаат мисијата од различни агли.

„Ако ги прашате Американците, ова е начин да покажат дека не се во опаѓање, туку дека сè уште се способни за големи потфати. Но, од друга страна, Кина не изгледа премногу заинтересирана“, вели тој.

Корлевиќ додава дека од технолошки аспект, мисијата не претставува значителен напредок во споредба со историската мисија Аполо 8, кога астронаутите за првпат ја обиколија Месечината уште во 1968 година. Според него, главната цел на Артемис 2 е тестирање на новата технологија и повторно стекнување знаење кое со децении не се користело.

Тој предупредува и на ризиците од вселенските услови, особено кога леталото ќе ја напушти заштитата на Земјиното магнетно поле, каде астронаутите ќе бидат изложени на соларна радијација и потенцијално опасни честички од Сонцето.

Иако мисијата се претставува како почеток на „нова ера“, Корлевиќ смета дека станува збор повеќе за симболичен и пропаганден потег, отколку за вистински технолошки пробив. Тој како поважен напредок го посочува вселенскиот телескоп Џејмс Веб.

Во моментов, слетувањето на Месечината се смета за премногу ризично, а најавите дека тоа ќе се случи во следните две години ги оценува како нереални. Според него, Кина има поамбициозен план и можно е да стигне до Месечината до 2028 година.

„Мислам дека оваа цивилизација нема да стигне до Марс – можеби некоја следна“, заклучува Корлевиќ.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран