УТРО.мк

Тешка сообраќајка: Петмина тинејџери повредени

Тешка сообраќајка: Петмина тинејџери повредени
Vero

Во тешка сообраќајна несреќа во Кочани повредени се петмина тинејџери, на возраст од 16 и 14 години, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, во несреќата која се случила синоќа кај местото „Двојни кривини“, тешко е повредено 16-годишно девојче.

„На 21.01.2026 во 20:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистрален пат кај место викано „Двојни кривини“ во атар на с.Уларци, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Кочани, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишната сопатничка од с.Спанчево, додека со телесни повреди се здобиле тројца 16-годишници од с.Чешиново, с.Спанчево и с.Кучичино и 14-годишна малолетничка од с.Чешиново, констатирани во Клиничка болница Штип“ соопшти полицијата.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран