
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на 21 јануари 2026 година во 15:45 часот, во Одделението за внатрешни работи Кавадарци била пријавена измама, при што 43-годишна жителка на градот била оштетена за 29.930 денари.
Според пријавата, ден претходно, на 20 јануари, оштетената на својата електронска пошта добила порака испратена лажно во име на Одделот за моторни возила при МВР. Во пораката било наведено дека сторила сообраќаен прекршок и ѝ биле дадени насоки за електронско плаќање на наводна казна.
Следејќи ги упатствата, таа пристапила до посочена интернет-страница, каде што се регистрирала и внесла лични податоци. Набргу потоа добила известување дека од нејзината банкарска сметка биле повлечени парични средства, по што сфатила дека станува збор за измама.



























