
Филмската академија ги објави номинациите за „Оскар 2026“, со што официјално започна трката за најпрестижните златни статуетки. Во фокусот на интересот е категоријата за најдобра машка улога, каде што ќе се соочат Леонардо Дикаприо за филмот „Една битка по друга“ и Тимоте Шаламе за „Марти Суприм“.
Во категоријата за најдобар филм се номинирани десет остварувања, меѓу кои „Бугонија“, „Ф1“, „Франкенштајн“, „Хамнет“, „Марти Суприм“, „Една битка по друга“, „Тајниот агент“, „Сентиментална вредност“, „Грешници“ и „Воз соништа“.
За најдобар режисер се натпреваруваат Пол Томас Андерсон, Рајан Куглер, Џош Сафди, Јоаким Триер и Клое Жао, додека во женската главна улога номинирани се Џеси Бакли, Роуз Бирн, Кејт Хадсон, Ренате Рејнсве и Ема Стоун.
Филмот „Сентиментална вредност“ и „Грешници“ се меѓу најзастапените со повеќе номинации во различни категории, вклучувајќи режија, актерски улоги, сценарио и технички награди.



























