
Акциите на стриминг-компанијата „Нетфликс“ паднаа за повеќе од пет отсто по објавувањето на кварталните резултати. Инвеститорите се загрижени поради забавениот раст на приходите и послабите показатели за гледаноста.
Паралелно, медиумски извештаи најавуваат дека компанијата планира да укине околу 1.000 работни места, односно приближно шест отсто од вработените. Информацијата за отказите засега не е официјално потврдена од „Нетфликс“.
Во првата половина од 2026 година, корисниците гледале вкупно 97 милијарди часови содржини на платформата, што е раст од два отсто во однос на истиот период лани.
Коизвршниот директор Тед Сарандос признал дека компанијата има простор за подобрување на американскиот пазар, додека резултатите во Европа, Азија и Латинска Америка се подобри.
„Нетфликс“ се обидува да привлече нова публика со спортски преноси во живо, видеоигри и нови рекламни формати. Сепак, приходите од рекламирање засега растат побавно од очекувањата на раководството.























