УТРО.мк

Каде се заработуваат милиони? УЈП ги откри највисоките плати, дивиденди и годишни приходи

Каде се заработуваат милиони? УЈП ги откри највисоките плати, дивиденди и годишни приходи
Vero

Највисоката годишна бруто-плата во Македонија во 2025 година изнесувала 139,1 милион денари. Распределено на 12 месеци, тоа е просечен месечен бруто-износ од околу 188.482 евра, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи.

Доходот го остварило лице од Скопје, вработено во дејноста „Вадење на камен јаглен“. Годишниот износ не значи дека секој месец била исплаќана идентична плата.

УЈП објави дека највисоката поединечна дивиденда достигнала 252,6 милиони денари, додека највисоката капитална добивка изнесувала 164,2 милиони денари. Највисокиот доход од самостојна дејност бил 157,9 милиони денари.

Најголем вкупен годишен доход од сите извори остварил граѓанин од Гевгелија – 257,5 милиони денари, преку плата, дивиденда и друг доход. Следува граѓанин од Охрид со вкупен доход од 254,4 милиони денари.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран