
Германскиот канцелар во своето обраќање упати остра критика кон економските политики во Европската Унија, нагласувајќи дека Германија и Европа во изминатите години потрошиле значителен потенцијал.
Тој посочи дека ЕУ станала „светски шампион во пререгулација“, што директно се одразува врз конкурентноста, иновациите и економскиот раст. Според канцеларот, сложените правила и административните бариери придонеле Европа да се соочи со стагнација и минимален раст, особено во споредба со другите големи светски економии.
Во изјавата беше потенцирана потребата од сериозни реформи, намалување на бирократските процедури и создавање услови за побрз економски развој, со цел Европската Унија повторно да стане посилна и поконкурентна на глобалната сцена.



























