
Во напад врз нафтен терминал во близина на селото Волна во рускиот Краснодарски крај загинаа две лица, соопшти гувернерот на регионот, Венијамин Кондратиев.
„Нафтениот терминал во моментов гори, погодени се четири резервоари со нафтени производи. Во отстранувањето на последиците се ангажирани 29 единици опрема и 97 лица, вклучувајќи ги и припадниците на руското Министерство за вонредни ситуации“, рече Кондратиев.
Ова е втора ноќ по ред како Краснодарскиот крај е погоден од напади. Ноќта од вторник кон среда, беспилотно летало ја погоди рафинеријата Афипски, што резултираше со пожар. Рафинеријата, една од најголемите во јужна Русија, била цел на слични напади и во септември и ноември минатата година.



























