
Застарел дел од предметот „Талир 1“, поврзан со наводното нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде повторно разгледуван, а судењето ќе почне од почеток по шести пат.
Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи, оцени дека дел од случајот никогаш не требало да биде предмет на кривично гонење доколку надлежните се воделе според законот и правдата, а не според политички диктати.
„СЈО и сите таму беа ‘црпнати’ за да дадат одговор кој, кого и зошто незаконски прислушкувал со години, 24/7. Се занимаваа со се освен со тоа за што беа формирани. Водеа кадровска политика во политичките партии преку политички прогон, ‘билдаа’ партиски рејтинзи за изборни цели, преку закани и притисоци одбираа владини партнери не според освоени гласови туку според дневно политички потреби“, изјави Јанкулоска.



























