УТРО.мк

Армиски хеликоптер Ми-8МТ интервенираше во гаснење на пожарот кај село Николиќ, Дојран

Армиски хеликоптер Ми-8МТ интервенираше во гаснење на пожарот кај село Николиќ, Дојран
Vero

Армијата со хеликоптер Ми-8МТ интервенираше во гаснење на пожарот кај село Николиќ, Дојран

Хеликоптер на Армијата на Република Македонија од составот на воздухопловниот ВИНГ денеска беше ангажиран во гаснење на шумскиот пожар во близина на селото Николиќ, во општина Дојран.

Во текот на интервенцијата беа изведени 13 летови со воден товар, насочени кон критичните точки на теренот. Притоа беа испуштени вкупно 32,5 тони вода, или по 2,5 тони по лет.

Воздушната операција траеше 3 часа и 20 минути и се реализираше под контролирани услови, согласно сите пропишани безбедносни и оперативни стандарди за ваков тип интервенции. Армијата останува подготвена за понатамошна поддршка при справување со пожари на отворен простор.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран