УТРО.мк

Си донеле ручек на плажа, па заминале на капење, кога се вратиле ги дочекал вистински кошмар [ВИДЕО]

Си донеле ручек на плажа, па заминале на капење, кога се вратиле ги дочекал вистински кошмар [ВИДЕО]
Vero

На интертнет се појави видео-снимка од една украинска плажа, каде што семеен излет завршил со неочекуван и застрашувачки инцидент.

Имено, семејство кое минатиот викенд уживало на локална плажа во Украина, по кратко капење се вратило на брегот и наишло на вистински кошмар – нивната торба со ручек била целосно прекриена со стотици пчели.

Според снимката објавена од Ана Марчак, се претпоставува дека матицата влегла во една од торбите, по што цел рој пчели ја следел и се насобрал околу него. Колонијата предизвикала паника кај присутните, кои веднаш се оддалечиле од местото.

Сепак, меѓу нив се најде и еден храбар маж, кој без двоумење, со картонска кутија во рацете, ѝ пришол на торбата и ја однел – заедно со целиот рој пчели.

Според украинскиот портал 24Travel, за среќа, во инцидентот нема повредени. Сцената ја пренесе и хрватскиот медиум Слободна Далмација, кој наведува дека пчелите буквално ја „окупирале“ плажата и привремено ја испразниле околината.

@annamarchak#бджоли#пляж#море♬ Бджілка – GROSU

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран