Новите Odyssey G7 монитори од 37’’ и 40’’ нудат подобра резолуција, поголема стапка на освежување и имерсивни перформанси за гејминг од новата генерација
Samsung го проширува Odyssey 3D гејмингот преку сè поголем број партнерства, носејќи оптимизирани ефекти за наслови како Stellar Blade и MONGIL: STAR DRIVE
Скопје, 20. август 2025 – Samsung Electronics ги претстави своите нови Odyssey G7 монитори со широк екран на саемот Gamescom 2025, најголемиот гејминг настан во светот, кој се одржува во Келн, Германија, од 20 до 24 август. Освен новите G7 модели, Samsung исто така го претставува и сè поширокиот екосистем на Odyssey 3D гејминг без очила, како и нови партнерства со најпознатите креатори на игри и водечки светски студија за игри.
„Со нетрпение очекуваме да ги претставиме нашите најнови производи на водечкиот светски собир како што е Gamescom“, изјави Џанг Хун (Jung Hoon), потпретседател на секторот за производи со екрани во компанијата Samsung Electronics. „Нашите неодамна воспоставени соработки ќе донесат поавтентично гејминг искуство преку оптимизирани 3D ефекти прилагодени на секој наслов. Ќе продолжиме да го предводиме пазарот на премиум гејминг монитори преку подобрени хардверски перформанси, нови партнерства поврзани со содржината на игрите и унапредено 3D корисничко искуство.“
Samsung останува глобален лидер во сегментот на монитори, рангиран како најдобар светски бренд на гејминг монитори веќе шест години по ред. Во првиот квартал од 2025 година, Samsung повторно беше лидер на пазарот со глобален удел од 18,9% и е подготвен да го продолжи своето лидерство и седмата година по ред, според најновите податоци на Меѓународната корпорација за податоци (IDC)¹. Во Европа, Samsung има пазарен удел од 24,6% и со тоа го диктира темпото на регионалниот пазар на гејминг монитори.

Приказ на новата Odyssey G7 линија: широки екрани осмислени за имерсивно играње
Новиот Odyssey G7 (модел G75F) е достапен во две големини: 37” 4K UHD (3.840×2.160) со сооднос 16:9 и првиот Samsung 40” Wide UHD (WUHD), со резолуција 5K2K (5.120×2.160) и сооднос 21:9. На овој начин се проширува понудата на големи гејминг монитори, надвор од постоечките модели од 32 и 43 инчи со 4K резолуција.
Исто така, ги поддржува функциите Picture-by-Picture (PBP) и Picture-in-Picture (PIP), што на гејмерите им овозможува мултитаскинг со поделен екран. Мониотрите поседуваат VESA DisplayHDR 600 сертификат и осветлување од 350 нити, за да обезбедат одличен контраст и живописна репродукција на боите – како за гејминг, така и за видео содржини. За унапредување на гејминг искуството и секојдневната употреба, секој модел нуди:
HDR10+ Gaming за подобрен HDR квалитет,
AMD FreeSync Premium Pro за намалување на доцнењето и сечењето на сликата, обезбедувајќи мазни прикази без прекини,
CoreSync за синхронизација на бојата на амбиенталното позадинско осветлување со приказите на екранот,
Auto Source Switch+ за автоматско регистрирање на уредите кога ќе се поврзат или вклучат,
разновидно поврзување со еден DisplayPort 1.4 и два HDMI 2.1 порта,
ергономски дизајн со постојка за прилагодување на висина (HAS) и можност за навалување и ротација.
Посетителите на саемот Gamescom ќе можат да ги испробаат новите Odyssey G7 модели со широк екран играјќи Genshin Impact, акциона RPG игра во отворен свет од компанијата HoYoverse, на двете големини на екрани на штандот на Samsung, во сала 9, на првиот кат.
Odyssey G7 моделот веќе е достапен во Јужна Кореја и Северна Америка, а во Европа се очекува во септември².

Уште побогат 3D свет благодарение на новите партнерства
Samsung Electronics го проширува својот екосистем на 3D гејминг преку нови партнерства и ексклузивна содржина поврзана со Odyssey 3D монитор (модел: G90XF), кој овозможува играње игри во 3D формат без очила.
На саемот Gamescom 2025, Samsung ќе ги најави новите партнерства со најзначајните креатори на игри, вклучувајќи ги Netmarble и SHIFT UP. Така, посетителите на штандот на Samsung за првпат ќе можат да ја испробаат Mongil: STAR DIVE, новиот наслов од Netmarble, како и Stellar Blade, популарната игра на SHIFT UP, во своето прво 3D издание на Samsung штандот.
Samsung на 22 и 23 август ќе биде домаќин на настанот The World of #PlayGalaxy, на локацијата Dock2 во центарот на Келн. Настанот ќе ги собере гејмерите, нудејќи им имерсивно и динамично искуство на играње на различни уреди, како Galaxy Z Fold7 и Odyssey 3D.
Преку стратешките партнерства со гејминг студија, Odyssey 3D го унапредува играњето со фино подесени ефекти на длабочина кои се прилагодуваат на ликовите, позадините и сцените во секоја игра — без потреба од 3D очила. Овој монитор поддржува функции за прилагодлива фокална далечина и персонализирани 3D опции кои им овозможуваат на гејмерите да ја контролираат 3D длабочината на секоја игра врз основа на паралаксата помеѓу левата и десната слика.
Samsung продолжува да ја проширува својата понуда на 3D игри на Odyssey 3D Hub, платформа специјализирана за 3D содржина, која моментално поддржува повеќе од 25 3D игри, како што е First Berserker: Khazan. До крајот на годината³, архивата ќе брои над 50 поддржани 3D игри⁴, меѓу кои Lies of P: Overture DLC, Stellar Blade и Mongil: STAR DIVE.

Запознавање со премиерните наслови на водечките студија за игри на Odyssey OLED мониторите
Samsung ги проширува можностите за испробување на Odyssey OLED мониторите на саемот Gamescom 2025 преку соработка со водечките студија за игри, вклучувајќи ги Blizzard и Pearl Abyss.
Samsung на овогодинешниот саем ќе ги опреми партнерските штандови со своите водечки екрани – Odyssey OLED G6 со ултрабрза стапка на освежување од 500Hz (модел: G60SF) и Odyssey OLED G8 со 240Hz во 4K резолуција (модел: G81SF).
Штандот посветен на играта World of Warcraft содржи повеќе од 80 гејминг станици со Odyssey OLED G6 монитор од 500Hz, нудејќи им на фановите на World of Warcraft ултра-одзивно, врвно гејминг искуство, додека првпат имаат можност да ги испробаат новите системи за дома.
Pearl Abyss ќе ја претстави својата нова акционо-авантуристичка игра со отворен свет Crimson Desert на повеќе од 180 единици од Odyssey OLED G6 мониторите со 500Hz освежување и Odyssey OLED G8 моделите со 4K резолуција и освежување од 240Hz.
Со извонредниот квалитет на сликата од OLED линијата, овие монитори ќе им овозможат на посетителите целосно да ја доживеат импресивната графика на игрите.
Посетителите на Gamescom 2025 ќе можат да го најдат штандот на Samsung на 1. кат, Хала 9, на локациите B030 и C031.
¹IDC Worldwide Gaming Tracker Q1 2025, класификацијата на гејминг мониторите е заснована на критериумите на IDC: монитори со стапка на освежување поголема од 144 Hz (од II квартал 2023) или поголема од 100 Hz (пред II квартал 2023). Рангирањето е засновано на износот на вредноста.
²Распоредот на лансирање може да варира во зависност од земјата.
³Датумот на лансирање на секоја од игрите може да варира.
⁴За да го проверат ажурираниот список на нови 3D игри, корисниците можат да ја преземат најновата верзија на Odyssey 3D Hub во продавницата MS Store или на веб-страницата Samsung.com.

За компанијата Samsung Electronics Co. Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината преку идеи и технологии што носат трансформација. Компанијата ги редефинира световите на телевизорите, дигиталното огласување, паметните телефони, носливите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство и мрежните системи, како и на мемориските решенија, LSI системите и чиповите по нарачка. Samsung исто така ги унапредува технологиите за медицинска дијагностика, HVAC решенијата и роботиката, како и иновативните решенија во автомобилската и аудио индустријата преку компанијата Harman. Со SmartThings екосистемот, отворената соработка со партнери и интеграцијата на вештачката интелигенција во својата понуда, Samsung нуди интелигентно, поврзано и беспрекорно корисничко искуство. За најнови вести посетете ја Samsung Newsroom: https://www.samsung.com/mk/.