УТРО.мк

Хигиеничарките на Јадранот со највисоки плати досега – до 13 евра по час

Хигиеничарките на Јадранот со највисоки плати досега – до 13 евра по час
Vero

Иако летната сезона на Јадранот се ближи кон крај, побарувачката за сезонски работници и понатаму е голема, особено за чистачки, чиј труд годинава се плаќа значително повеќе од порано.

Додека минатата година сатницата изнесуваше 8–10 евра, оваа сезона најдобрите чистачки заработуваат и над 13 евра, а просекот е околу 11–12 евра по час. Сепак, во оваа сума не се вклучени трошоците за превоз, кои работниците мора сами да ги покријат.

За чистење на стан од 80 квадрати, што трае приближно три часа, може да се заработат 60–70 евра, што е повеќе во споредба со пред неколку години. Работниот ден обично започнува во 10 часот наутро, веднаш по заминувањето на гостите, а трае до 14–15 часот за да се подготви просторот за нови туристи.

Иако заработката изгледа примамливо, искусните чистачки предупредуваат дека работата е физички многу напорна. Често се бара „мала генералка“ – чистење на фуги, перење големи стаклени ѕидови под силно сонце, одржување базени, сауни и скара-простори. Сопствениците на вилите, кои за ноќ наплатуваат и по 500–600 евра, бараат максимална чистота и деталност.

Има сопственици кои се флексибилни, но и такви што поставуваат нереални барања – на пример, за неколку часа да се испере и исуши целата постелнина, да се исчисти базенот и целиот објект. Дополнителен предизвик е однесувањето на туристите – додека едни заминуваат без неред, други оставаат вистински хаос.

И покрај напорите, оваа работа останува атрактивна за странски сезонски работници, меѓу кои и Македонци, кои заминуваат на Јадранот во потрага по добра летна заработка.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран