Најнездравата намирница на светот – омилена закуска во Македонија
Иако нутриционистите ширум светот постојано советуваат што треба, а што не треба да се консумира, некои производи упорно остануваат дел од секојдневната исхрана – и покрај сериозните здравствени ризици.
Според порталот Eat This, кој објави листа од 100 најнездрави прехранбени производи, на самото врвно место се најде – чипсот.
Оваа популарна закуска, според експертите, е еден од најлошите можни избори кога станува збор за здрава исхрана. Богата со сол, вештачки бои, ароми и адитиви, а речиси без влакна или корисни хранливи состојки, чипсот нуди малку – а штети многу.
Покрај тоа што не создава чувство на ситост, неговата редовна консумација може да доведе до зголемено ниво на холестерол и да предизвика проблеми со кардиоваскуларниот систем. Некои од адитивите што се користат во неговото производство се поврзуваат со зголемен ризик од појава на канцерогени заболувања.
Загрижувачки е и тоа што чипсот е особено популарен кај младите, особено во Македонија, каде се смета за една од најпродаваните прехранбени намирници.
Штетните ефекти од консумирањето нездрава храна не се појавуваат само на долг рок – истражувањата покажуваат дека дури и неколку часа по консумацијата може да се наруши функцијата на крвните садови.
Нутриционистите предупредуваат: ако често посегнувате по чипс и слични грицки, размислете за поздрави алтернативи. Наместо тоа, изберете ореви, бадеми, лешници, семки од тиква или свежо овошје, како банани и портокали. Малите промени во исхраната можат да донесат значајни придобивки за целокупното здравје.