УТРО.мк

Коњановски го отвори новиот Ехо кабинет за колор доплер на каротиди во Битола

Коњановски го отвори новиот Ехо кабинет за колор доплер на каротиди во Битола
Vero

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денес присуствуваше на официјалното отворање на новиот Ехо кабинет за колор дуплекс доплер на каротидни артерии во Хоспис Сју Рајдер Битола – прв од ваков вид во регионот што ќе работи на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

Оваа значајна дијагностичка метода овозможува навремено откривање и следење на промените на каротидните артерии, кои се директно поврзани со ризикот од мозочен удар и други сериозни васкуларни заболувања.

„Со отворањето на овој кабинет правиме голем чекор напред во раната дијагностика и превенција. Пациентите од Битолскиот регион добиваат навремена, бесплатна и квалитетна услуга“, изјави Коњановски.

На свеченоста присуствуваше и Прим. д-р Ленче Нелоска, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“, која ја потенцираше важноста на ваквите вложувања во здравствениот систем.

Новиот кабинет претставува дел од пошироките напори за унапредување на здравствената заштита во општина Битола и овозможува полесен пристап до специјализирани прегледи за сите граѓани.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран