Обвинителството со увид во Батинци – осомничениот идентификуван, но во бегство
Основното јавно обвинителство соопшти дека дежурен јавен обвинител денеска извршил увид на местото на трагичниот инцидент што се случи во селото Батинци. При увидот, обвинителот издал наредби и насоки за прибирање на релевантни докази за понатамошниот тек на истрагата.
Според официјалното соопштение од Обвинителството:
„За настанот во Батинци, дежурен јавен обвинител изврши увид на лице место и издаде наредби и насоки за прибирање докази. Сторителот е идентификуван, но е во бегство и по него се трага,“ информираат од ОЈО.
Истражните органи продолжуваат со активности за целосно расчистување на случајот.
Извор: Скопје1