УТРО.мк

Димитриеска-Кочоска на средба со семејства на децата со церебрална парализа

Димитриеска-Кочоска на средба со семејства на децата со церебрална парализа
Vero

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска во Министерството ги пречека децата и родителите од Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа.

На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат овие семејства, како и за потребата од создавање поинклузивен и поддржувачки систем. Димитриеска-Кочоска нагласи дека секоја ваква средба претставува силна лекција за храброст, љубов и истрајност.

„Нивната борба е секојдневна, но нивната љубов е бескрајна. Како Министерство, наша обврска е да слушаме, разбираме и делуваме – за да создадеме систем што ќе нуди поддршка, а не препреки“, изјави министерката.

Присуството и гласот на овие семејства, нагласи таа, се клучни за креирање политики што ќе обезбедат еднакви можности за сите граѓани.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран