Орце Ѓорѓиевски вечерва од трибините даде силна поддршка за црвено-црните во пресрет на натпреварот против Ла Фјорита, истакнувајќи ја својата безрезервна љубов кон Вардар – симболот на Скопје и гордоста на македонскиот фудбал.

„ВАРДАР Е СКОПЈЕ – СКОПЈЕ Е ВАРДАР!“, порача Ѓорѓиевски, апелирајќи до сите навивачи да застанат зад тимот што ја носи енергијата, историјата и духот на градот.
Вечерва Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го започнува својот настап во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, со дуел против тимот Ла Фјорита од Сан Марино.

„Сите очи се вперени кон нашите лавови, кон тимот што го носи срцето на градот во секој дуел, секоја топка, секој гол! Вардар не е само клуб – Вардар е емoција, историја, бренд!“, напиша тој во својата порака полна со страст и поддршка.

Со мотото „Ајде, ајде, ајде ВАРДАРЕ!“, Ѓорѓиевски уште еднаш го потврди своето вардаровско срце, стоејќи цврсто зад клубот што е повеќе од фудбал – тој е идентитет.