Фармацевтката Дебора Грејсон вели дека милиони луѓе остануваат „заробени“ на терапии што одамна не им се потребни, притоа развивајќи сериозни несакани ефекти поради долгогодишна и неконтролирана употреба.
Според неа, најризични се следниве групи лекови:
Лекови против болка (опиоиди) – брзо создаваат зависност, водат кон толеранција и потреба од поголеми дози. Прекинот предизвикува немир, болки и дигестивни проблеми, па е потребен медицински надзор.
Лекови за холестерол – можат да предизвикаат болки во мускули, замор, а во ретки случаи и оштетување на мускулно ткиво или воспаление на црниот дроб. Потребна е редовна контрола.
Антидепресиви – корисни во кризи, но долготрајната употреба носи ризик од зголемена тежина, нарушено варење и сексуални проблеми. Наглиот прекин предизвикува вртоглавици, анксиозност и „електрични импулси“ во главата.
Габапентин и прегабалин – се даваат за невропатска болка, но носат ризик од зависност, поспаност и проблеми со координација. Симптомите при прекин може да бидат тешки.
Кортикостероидни креми – долга употреба ја истенчува кожата и може да предизвика тежок воспалителен синдром по прекинот.
Лекови за жиговина – долгорочната терапија води кон недостаток на витамин Б12 и магнезиум, ризик од фрактури и когнитивни проблеми.
Лаксативи – честата употреба го нарушува природното функционирање на цревата и создава зависност.
Грејсон повикува пациентите редовно да разговараат со лекар за тоа дали навистина има потреба да продолжат со терапијата и да не прекинуваат со лекови без стручна консултација.























