Влегуваме во сезоната на Стрелец и повторно го вртиме големиот ѕвезден рулет. Неколку хороскопски знаци ќе имаат особено силен финански подем и може да очекуваат пари до 29 ноември. Сезоната на Стрелец носи оптимизам, позитивна енергија и забрзување на добрите можности.
Најмногу среќа во финансии ќе имаат Вагите, Шкорпиите, Близнаците и Овните.
ВАГА
Планетите целосно ви одат во прилог. Очекувајте значителен прилив на пари, а некои Ваги дури може да се изненадат колку брзо им расте финансиската состојба.
ШКОРПИЈА
Сезоната на Стрелец ви носи стабилизација и јасно подобрување на финансиската ситуација. Доаѓаат добри вести поврзани со пари и нови можности.
БЛИЗНАЦИ
Јупитер во Рак го заштитува вашето финансиско поле. Подготвени сте за најсилниот паричен период досега – следи вистинска „парична инфузија“.
ОВЕН
Враќањето на Уран во Бик ви носи ненадеен прилив на пари. Можно е да откриете нов извор на заработка, особено преку интернет или нов проект.























