Нашите предци го пиеле секојдневно, а денес го заборавивме – сокот од цвекло е природен еликсир за здравје! Овој напиток помага во регенерација на организмот, го чисти црниот дроб, го јакне срцето и го регулира крвниот притисок.
Потребни состојки:
2 кг цвекло
1 кг шеќер (за поздраво, користете мед или стеевија)
3 кесички ванилин шеќер
3 кесички лимонска киселина
Подготовка:
Измијте го и излупете го цвеклото, исечете на средни кругови. Варете во 3 литри вода околу 30 минути. Извадете го цвеклото, додајте шеќер, ванилин шеќер и лимонска киселина и мешајте додека се соединат.
Сокот ставете го топол во стерилизирани шишиња, затворете ги добро и оставете да се олади, потоа чувајте го во фрижидер. Концентрираниот сок најдобро е да се разреди со вода и да се пие секој ден, по една чаша, за максимални здравствени придобивки.
Откријте зошто нашиот народ го чувал овој рецепт како семејна тајна со векови – ќе почувствувате вистински чудесен ефект!























