УТРО.мк

Дневен хороскоп за понеделник – 14 јули: Еден знак денес треба да го издржи притисокот од околината – никако не попуштајте!

Дневен хороскоп за понеделник – 14 јули: Еден знак денес треба да го издржи притисокот од околината – никако не попуштајте!
Vero

ОВЕН

Се чувствувате како да функционирате на автопилот – задача по задача, ден по ден. Време е да си подадете рака себеси. Исклучете го телефонот, подгответе си омилено јадење, пуштете добар филм и дозволете си да се опуштите. Вратете ја рамнотежата. Запомнете, Овни, ако вие не се грижите за себе – кој ќе го направи тоа?

БИК

Имате брилијантна деловна идеја – но уште не е време да ја споделувате. Нека зрее тивко, додека не почувствувате дека моментот е вистински. Во љубовта, не одложувајте важен разговор со партнерот – искреноста ќе ја зацврсти вашата врска.

БЛИЗНАЦИ

Полни сте со енергија и шарм – сакате да ја пренесете позитивата на сите околу вас. Денес не бидете роб на правилата, туку следете ја интуицијата. Во љубовта, бидете целосно искрени. Време е да излезе на виделина нешто што долго го чувате во себе – само така љубовта ќе напредува.

РАК

Финансиската состојба бара внимателност – избегнувајте непотребни трошоци за да не влезете во минус. На работа, конечно се чувствувате ценето – прифатете ја пофалбата со достоинство. Заслужувате да ви се случуваат убави нешта – и тоа се случуваат.

ЛАВ

Самодовербата ви е најсилниот сојузник – не ја губете со постојани сомнежи. Имате голем план, но една клучна информација сè уште ви недостига. Бидете внимателни пред да дејствувате. Во љубовта, подготвени сте на храбар чекор – и тоа е прекрасно.

ДЕВИЦА

Одлуката да си посветите време на себе е вистинска – и универзумот го поздравува тој чекор. Не ги знаете сите одговори, но одите по вистинскиот пат. Во љубовта, партнерот ви подготвува романтично изненадување – дозволете си да уживате.

ВАГА

Љубовта тропа на врата – прашање е дали сте подготвени да ја отворите. Храброста ќе ви биде потребна за да ги прифатите убавите нешта што доаѓаат. Ако сте тажни или замислени, потсетете се колку добро ви прават блиските пријатели – закажете средба.

ШКОРПИЈА

Не дозволувајте вашиот внатрешен критичар да ви ја саботира самодовербата. Се прашувате дали сте направиле вистински избори – но време е да застанете зад себе. Разговор со партнерот може да донесе длабоко олеснување и нова емоционална рамнотежа.

СТРЕЛЕЦ

Престанете да се ставате себеси на последно место. Денес слушајте го својот внатрешен глас – тој знае подобро од сите. Некој има очекувања што не се реципроцитетни – и тоа мора да се расчисти. Ако сте сингл, флертот во пораки може да стане нешто повеќе.

ЈАРЕЦ

Не се прилагодувајте по секоја цена. Вашиот глас мора да се слушне – и тоа јасно. Некој ќе се обиде да ве убеди во нешто што не го чувствувате како исправно. Застанете за себе и останете верни на своите вредности. Можна е лесна главоболка – одморете.

ВОДОЛИЈА

Премногу брзате и земате на себе повеќе отколку што е одржливо. Забавете. Во љубовта се случува промена – но не сте сигурни што точно чувствувате. Побарајте совет од некој поискусен, но запомнете – вие веќе ја знаете вистината, само ви треба потврда.

РИБИ

Не сите промени се брзи – некои се одвиваат тивко, но длабоко. Бидете трпеливи. Животот се менува во ваша полза, само верувајте во процесот. Во љубовта, ве очекува ден исполнет со топлина и внимание – отворете го срцето.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран